Протести во Барселона за независност на Каталонија

Архивска фотографија, протести за независност на Каталонија, 21 февруари 2019

Илјадници луѓе денеска излегоа на протести во Барселона со барање за независност на Каталонија. Демонстрантите го организираа овој протест на ден пред да биде изречена пресудата за обвинетите за сепаратистичкото движење. Поддржувачите на независноста на Каталонија на плоштадот во Барселона пристигнаа со знамиња и иконографија во знак на барањето за независност. Политичката ситуација во Шпанија станува чувствителна во очекувањето на одлуката на Врховниот суд за 12 каталонски лидери,кои меѓу останатото се обвинети и за побуна иучество во неуспешниот обид за осамостојување на Каталонија во 2017 година.