Хуманитарна акција на амбасадата на САД и Црвениот крст

илутрација

Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехранбени продукти, за да го одбележи Американскиот Национален ден на служба и сеќавање.Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.