Џонсон: изборите неопходни за тоа дали ќе има Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот потпретседател Мајк Пенс

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се неопходни избори со цел британската јавност да реши дали сака Брегизит на 31 октомври или рокот да биде продолжен. „Воопшто не сакам избори, но искрено не гледам друг начин“, изјави тој. Британските пратеници претходно го одбија повикот на Џонсон за вонредни избори на 15 октомври, а пред тоа усвоија закон со кој се спречува Брегзит без договор со ЕУ.