Писмото на Јанева доставено до обвинителството

Основно јавно обвинителство во Скопје

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го доставил до Јавното обвинителство писмото од шефицата на СЈО, Катица Јанева. Во известувањето, според соопштението, се наведува дека Јанева ги овластува јавните обвинители во СЈО кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство. Од Јавното обвинителството наведоа и дека е примено и известување со барање информации од СЈО, а по разгледувањето на поднесоците јавноста ќе биде известена.

Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“, дала полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство. Мандатот на СЈО истекува на 15 септември.