Филиповска, Ангеловска, Елези, Могерини, Китаровиќ...

МАКЕДОНИЈА - Водителката Лила Филиповска била во јавното обвинителство да даде исказ за случајот Рекет. Таа е блиска пријателка на Бојан Јовановски - Боки 13, кој, како осомничен, е во притвор во затворот Шутка. Исказ пред Обвинителството даде и бизнисменот Силјан Мицевски, кој по исказот, на новинарите им изјави дека побарал да му ги вратат парите што ги уплатил на Меѓународен сојуз.

МАКЕДОНИЈА - Чуден почетокот на новата школската година. Во Скопје во едни училишта се одвиваше штрајкот организиран од Синдикатот за образование и наука, а во други имаше само прием на првачињата, но без наставна програма. Работниците во образованието бараат повисоки плати за 25 проценти додека од Министерството за образование велат дека платите се покачени за 10 отсто од август лани во кои се вклучени и сегашните пет проценти.

МАКЕДОНИЈА - Новата министерка за финансии Нина Ангеловска ја презеде функцијата. Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека нејзе и на нејзината заменичка им дава целосна поддршка за работа со државната каса.

БЕЛГИЈА - Унијата да го задржи силното присуство на Западен Балкан за остварување на јасниот интерес - воведување на целиот Балкан во ЕУ, за подоцна да не зажали, повика шефицата на европската дипломатија во заминување Федерика Могерини.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Иако излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да има последици врз европската воена мисија во БиХ, токму од мисијата ЕУФОР уверуваат дека подготвено ќе го дочекаат Брегзит, објави весникот Независне новине.

ХРВАТСКА - Иван Анушиќ, шеф на изборниот штаб на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, изјави дека претседателските избори во Хрватска веројатно ќе се одржат во втората половина на декември.

КОСОВО - Јетлир Зиберај, советникот на министерот за надворешни работи на Косово, изјави дека Косово нема да дозволи посета на српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред предвремените избори кои се одржуваат на 6 октомври, објавија косовските медиуми.

КИНА - Најмалку десет ученици се повредени во напад во едно основно училиште во Кина. Нападот се случил во утринските часови на првиот ден од новата училишна година во градот Енши.

ИРАН - Техеран цврсто ќе отстапи од нуклеарниот договор од 2015 година, кој е потпишан со светските сили, доколку Европа оваа недела не понуди нови услови, предупреди портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи.

ГРУЗИЈА - Грузискиот премиер Мамука Бахтаѕе поднесе оставка, истакнувајќи во објава на неговата страница на Фејсбук, дека ја исполнил својата мисија, објавија новинските агенции.