Вучиќ: Српската опозиција сонува македонско сценарио

Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ги условите на опозицијата во земјата за да не ги бојкотира изборите, изнесени на разговорите со претставниците на Европскиот парламент Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, изјави дека опозицијата го сонува македонското сценарио и дека се молат на бога дека исто како Боки 13 ќе носат торби со милиони евра кои ќе ги делат со обвинителите, чарлиевите ангели кои ќе ги постават заедно со странците, пренесува МИА.

„Тоа нема да се случи во Слободна Србија, денешна Србија“, вели Вучиќ за весникот Политика додавајќи дека изборните правила ги направила Демократската партија (ДС) со „нејзините сателити“. Тој истакна дека и покрај тоа „поранешниот режим прави се за да се интернационализира таканаречениот проблем со демократијата во Србија од едноставна причина што не може да се потпре на поддршката на граѓаните кои немаат доверба во нив“, вели Вучиќ.

Тој исто така вели дека партијата кја ја води (Српска напрадна партија СНС) секогаш била подготвена за дијалог, но никогаш за диктати.