Утре ќе се оценува дали ќе почне постапка за разрешување на Јанева

Советот за јавни обвинители утре ќе цени дали ќе започне постапка за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор во затворот Скопје за предметот „Рекет“ на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Како што соопшти претседателот на Советот Коле Штериев за МИА, на седницата ќе се одлучува дали Советот ќе оцени да започне постапка за разрешување на Јанева и да донесат извештај. Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка којашто сеуште е во тек.