Зариф: Продуктивни разговорите меѓу Иран и Франција

Средбата на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Јавад Зариф со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Јавад Зариф вели дека разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон кои се во насока на спасување на меѓународниот нуклеарен договород 2015 со Техеран се продуктивни. Франција даде неколку предлози, а и ние презентиравме неколку предлози за чекорите што треба да се преземат во иднина од двете страни, изјавил Зафир, пренесуваат иранските медиуми по средбата со Макрон во Елисејската палата во Пари.

Зафир рече дека Иран нема да седне на нови преговори, туку ќе разговара како веќе договореното да остане во живот по напуштањето на Вашингтон на договорот.