„Титаник“ одложен за 4-ти септември

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ е одложено за 4 септември, на барање на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова. Одолжувањето беше побарано откако одбраната на обвинетите предложи прекинување на пастапката за „Титаник“ до разрешување на состојбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која според нив е единствено надлежна да ги застапува предметите на СЈО.

Обвинителката Стефанова, во однос на предлогот на одбраната, рече дека како СЈО сметаат дека овластувањата на Јанева се уште се важечки иако е неспорен фактот дека таа е во притвор за случајот „Рекет“. Пред почетокот на рочиштето, адвокатот Димитар Дангов побара прекин на главната расправа поради, како што рече, одредениот притвор на Јанева за предметот „Рекет“.