Заев ќе ја предложи Ангеловска за министер за финансии

Премиерот Зоран Заев

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев по денешната седница на Централниот одбор на партијата најави дека утре ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Нина Ангеловска, која е директорка на компанијата „Групер“.

Според него, Елизабета Наумовска ќе биде предложена за нов заменик-министер за образование и наука, а Кирил Колемишевски за заменик-министер за економија на местото на Кире Наумов, кој ќе биде назначен за директор на Македонската банка за поддршка на развојот. Додека пак за заменик-министер во Министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде предложен Неџат Мехмедовиќ.

На Централниот одбор беше донесена и одлука да се изберат и пет потпретседатели на партијата, односно министерка за труд и социјала, Мила Царовска, , министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, пратеникот Мухамед Зекири и Коста Петров.