Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска или најдоцна утре писмено ќе го извести Советот на јавни обвинители за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата во случајот „Рекет“, како и за притворот на шефицата на СЈО, Катица Јанева, јави МИА.
Претседателот на Советот, Коле Штерјев откако ќе го добие известувањето треба да закаже седница, на која ќе започне постапката за разрешување на Јанева од прв човек на СЈО. На Јанева вчера и беше определена мерка притвор од 30 дена.