ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна е изјавата дека Јанева земала само мал дел

Приведувањето на Катица Јанева требаше да се случи уште првиот ден. Таа е само една алка од синџирот. Скандалозна е изјавата на јавниот обвинител дека од 8 милиони евра, таа зела само мал дел. Таа изјава ги потценува граѓаните, изјави денеска портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, по приведувањето на специјалната обвинителка Катица јанева и по прес-конференцијата на Државниот обвинител Љубомир Јовески.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, бараат да се расчисти случајот и да се расветли улогата и одговорноста на сите инволвирани.

„Катица Јанева нанесе срам на целата правда и ги изневери сите што веруваа во правна држава, како и меѓународните фактори“, изјави Арсовски.