Српската премиерка Брнабиќ в понеделник во Скопје

Српската премиерка Ана Брнабиќ в понеделник, 26 август, ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, соопшти денеска од Канцеларијата за медиуми на Владата на Србија. Брнабиќ во Скопје ќе сретне со премиерот Зоран Заев, а пред посетата на главниот град, тие ќе на граничниот премин Табановце – Прешево ќе го означат почетокот на работата на овој интегриран премин меѓу двете држави.

За време на престојот во Скопје, предвиден е состанок на делегациите на двете влади и потпишување на повеќе договори за соработка, како и изјави за медиумите на премиерите Заев и Брнабиќ.