Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк, дека нормализацијата на односите со Косово ќе ја зголеми стабилноста на Србија, на Западен Балкан и на трансатлантската заедница. Помпео оцени дека со Вучиќ имал продуктивен ручек на кој разговорале за дијалогот меѓу Косово и Србија и пристапувањето на Србија во ЕУ. Тие разговараа на маргините на седницата на Советот на безбедност на ОН за ситуацијата на Блискиот исток.
Помпео: нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово добро за Балканот
Американскиот државен секретар Мајк Помпео и српскиот претседател Александар Вучиќ во Њујорк