Исламската држава презеде одговорност за крвавата свадба во Кабул

Исламската држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад на свадба во Кабул при кој загинаа 63 луѓе. Одговорноста ја презеде огранокот на ИД во Авганистан, наведува новинската агенција АП.

Претседателот на Авганистан Аграф Гани го осуди нападот и рече дека и покрај негирањето на одговорност на талибанците, тие сепак носат дел од вината бидејќи доаѓа од „мрежа на терористи“.

„Мој приоритет сега е да им помогнам на семејствата на жртвите во овој варварски напад“, напиша Гани на Твитер.

Ова е најсмртоносниот напад во изминатава година во Авганистан, во период кога меѓу Вашингтон и Талибанците се во последна фаза за ставање на крај на речиси 18 годишна војна. При овој самоубиствен напад на свадба во Кабул загинаа најмалку 63 луѓе од кои мнозинството жени и деца и над 180 се ранети.