Армијата слави 27-ми роденден

Во Армискиот центар за обука на вода во Охрид, денеска, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата. На свечената церемонија на 27-от роденден на Армијата, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

На свеченоста ќе присуствуваат претставници од највисокиот државен и воен врв на земјава, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот,како и командантот на Националната гарда на Вермонт полковник Грегори Најт кој е во повеќедневна посета на земјата.

Меѓу гостите на централната прослава делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев, која исто така престојува во повеќедневна официјална посета на земјава.

Премиерот Зоран Заев го честита Денот на Армијата.

„Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност, порача Заев во честитката.