Состанок в понеделник за забрана за извоз на компири и мед во Косово

Архивска фотографија- камион на косовска граница

Министерството за економија во понеделник ќе организира состанок со надлежни органи и институции за решавање на проблемот што настана откако Косово воведе забарана за увоз на компири и мед од Република Северна Македонија.

На состанокот, како што соопшти Министерството за економија, ќе учествуваат претставници од Министерството за земјоделство, Царинската управа , Агенцијата за храна и ветеринарство и други институции. Се очекува да се преземат активности за разрешување на последиците од косовската мерка.

“Што се однесува до наводите од косовската страна дека не е даден одговор на решавањето на прашањето за увоз на икра и млада риба од Република Косово во Република Северна Македонија, Министерството за економија како и другите надлежни институции во земјата веднаш ја информираа косовската страна дека мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи . Ова е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Република Северна Македонија е членка од 2003 година”, наведуваат од Министерството за економија.

Министерот Крешник Бектеши ги отфрла како невистинити наодите на Косово и тврди дека земјава во секој момент е подготвена да разговараме со факти и аргументи.