Русија негира дека има свој фаворит за изборите во Авганистан

Руското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на објавите во некои медиуми дека фаворизира свој кандидат за претстојните претседателски избори во Авганистан дека дури и финансиски ќе ја помогне неговата изборна кампања, објавија светските новински агенции.

„Претседателските избори во Авганистан се внатрешна работа на граѓаните на земјата, а Русија не поддржува ниту еден посебен кандидат за претседателските избори таму“, реагираше руското МНР, пренесе новинската генција ТАСС.

Министерството ги спомена неодамнешните извештаи за наводната „поддршка на Русија на поранешниот советник за национална безбедност, Ханиф Атмар, на претседателските избори закажани за 28 септември, во кои извештаи се вели и дека Русија издвоила околу 60 милиони американски долари за неговата изборна кампања“.