Катица Јанева на исказ за „Рекет“ во вторник

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ во вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа е повикана да даде исказ откако нејзиниот глас се слуша во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, а се поврзани со случајот „Рекет“.

Денеска исказ пред Обвинителството дава обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, кој го води предметот "Поштенска банка" за кој според писмената изјава на Обвинителката Лиле Стефанова, требало да биде затворен по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева. На распит во обвинителството во средата беше и Стефанова, а ден претходно исказ даде и Обвинителката Елизабета Јосифовска.