Лабуристите бараат да се изгласа недоверба на Џонсон за одложување на Брегзит

Џереми Корбин

Изгласување недоверба на владата што е можно побрзо и формирање привремена влада предводена од Џереми Корбин за да се одложи излегувањето на земјата од ЕУ, побара денеска британската опозициска Лабуристичка партија, објавија британските медиуми и светските новински агенции.

Во писмото до лидерите на партиите и другите политичари, шефот на лабуристите, Џереми Корбин наведе дека неговата „строго ограничена привремена влада“ би можела да го одложи „разводот“ од ЕУ и да одржи предвремени избори. Тој порача дека лабуристите во изборната кампања ќе се залагаат за втор референдум за условите на брегзитот, вклучувајќи ја опцијата според која секоја земја ќе треба да остане во блокот три години откако ќе изгласа излегување.

„Оваа влада нема мандат за непостигнување договор, а тоа не го предвидуваше ни референдумот во 2016 година. Затоа планирам да предложам гласање за недоверба што е можно побрзо за да бидеме сигурни во успехот“, пишува Корбин во своето писмо.

Премиерот Борис Џонсон вети дека ќе ја изнесе Британија од ЕУ до 31 октомври, со или без договор, што наиде на поделени мислења и меѓу британските политичари и меѓу граѓаните.