ЗНМ ја осуди изјавата на Мицкоски за новинарите на 1ТВ

Христијан Мицкоски

Здружението на новинарите на Македонија ја осуди објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која тој обвинува дека „новинарите во 1ТВ биле пристрасни и дека биле плаќани на сомнителен начин“.

„Го потсетуваме Мицкоски дека работата на медиумите и новинарите ја оценува јавноста и професионалните здруженија и таквите паушални оценки особено од високи политички претставници, единствено придонесуваат во намалување на довербата на јавноста во медиумите. Освен тоа, Мицкоски го нарушува принципот на пресумпција на невиност земајќи предвид дека овој случај е во истражна постапка, а според објавите во медиумите нема индиции за вмешаност на новинарите од оваа телевизија“, реагираше ЗНМ.

Од ЗНМ ги повикаа сите политичари да престанат со ширење на квалификации за новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските вредности и нагласуваат дека ќе ја извесат меѓународната заедница за овој тренд на водење на црни кампањи кон новинарите од страна на политичарите.