Уапсен таџикистански командант од граѓанската војна

Илустрација.

Поранешниот командант на таџикистанските владини сили за време на петгодишната граѓанска војна, кој е баран во Таџикистан за наводни убиства, грабежи, заложништво и други злосторства, е привиден во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Портпаролот на Министерството за внетрешни работи Умархон Емомали за РСЕ денеска изјави дека претставници на Таџикистан и ОАЕ разговараат за екстадиција на Куја Каримов во Таџикистан.

Денеска Каримов бил уапсен во ОАЕ на барање на Таџикистан, според онлајн весникот Akhbor.com online, кој цитира неименувани официјални претставници.

Граѓанската војна во Таџикистан траеше од 1992 до 1997 година и меѓу бунтовнички групи кои беа составени од комбинација на либерални демократски реформатори и исламисти против владините сили поддржани од руските трупи.