Аеродромот во Хонг Конг отворен, протестите продолжуваат

Аеродромот во Хонгконг повторно е отворен по два дена прекин поради антивладините протести на терминалот за пристигнување, иако протестите продолжуваат. објавија светските новински агенции. Раководството на аеродромот соопшти дека добило дозвола времено да им забрани на демонстрантите да влегуваат во одредени зони на аеродромот.

Повеќе од 30 демонстранти и понатаму се наоѓаат во делот на аеродромот за пристигнување, еден ден по масовните протести и насилства поради кои беа откажани над 100 летови. Во соопштението се наведува дека еден дел од аеродромот е одвоен за протестите, но надвор од тоа подрачје нема да се дозволат собири.