Песков: Путин ја поддржува идејата за дијалог со Украина

Дмитриј Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска информираше дека рускиот претседател Владимир Путин ја поддржува идејата за дијалог со Киев за надминување на моментално копмплицираната ситуација, но тоа што навистина е важно е имплементацијата на веќе постигнатиот договор.

„Комуникацијата меѓу двајцата претседатели е факт што само може да се смета за позитивна работа. Претседателот Путин секогаш се залага за дијалог како средство за решавање на итните прашања, особено во компликцираните ситуации како што е ова со кое се соочуваат руско-украинските односи”, рече Песков.