Саудиската коалиција со напади на сепаратистите во јужен Јемен

Поддржувачите на сепаратистите по преземањето на контролата врз јеменскиот град Аден

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија спровела напади врз сепаратистите во јужен Јемен откако тие ја преземале контролата врз пристаништето во Аден. Коалицијата ги повика сепаратистите на Јужниот транзиционен совет да се повлечат од градот или ќе се соочат со понатамошни напади.

Сепаратистите ја преземаа контролата врз Аден по недколку дневни борби со силите лојални на владата на претседателот Абд Рабу Мансур Хади, чие седиште е во главниот саудиски град Ријад. Владата на Хади го нарече преземањето на Аден државен удар. Повеќе од 70 луѓе, меѓу кои и цивили загинале во борбите.