Костадинов: Снимките не покажуваат вмешаност на Заев во „Рекет“

Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска изјави дека по последните снимки објавени од италијанскиот весник „Ла верита“ во ниеден момент не укажуваат на било каква вмешаност на премиерот Зоран Заев во случајот „Рекет“ туку сосема спротивно.

„Од снимките е повеќе е јасно дека премиерот Заев ниту директно ниту индиректно не е вмешан во овој случај, но станува јасно дека единствена цел на овие снимки е токму тој да биде дискредитиран. Премиерот Заев го пријави случајот и се бори за правда, создавајќи независни институции кои вистински се борат против криминалот и корупцијата. Сега надлежните институции мора да ја забрзаат истрагата за актуелниот случај „Рекет“, да ги лоцираат нарачателите, извршителите и помагателите“, наведува Костадинов.

Според него, секој мора да одговара, од прв до последен, за кого ќе се утврди било каква поврзаност, вклучително и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски. Костадинов наведува и дека лицата кои се појавуваат на снимките се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, исто како и лицата кои ги објавуваат во странски медиуми.