Два милиони муслимани на аџилак

Годишниот аџилак во Мека

Околу два милиони муслимани се собраа во Саудиска Арабија на годишниот аџилак. Верниците ја минале ноќта во голем камп на ридот на планината Арафат каде што исламот смета дека Бог ја тестирал верата на Аврам со тоа што му заповедал да го жртвува неговиот син Исмаил.

Тоа е, исто така, местото каде пророкот Мухамед ја дал својата последна проповед. Петдневниот ритуал претставува верска должност еднаш во животот за секој работоспособен муслиман, кој може да си го дозволи патувањето.