ОН: На прво место да бидат ставени потребите на народот на Венецуела

Илустрација - членови на Советот за безбедност на ОН.

Обединетите нации соопштија дека соработката со Венецуела, како и со други национални и меѓународни субјекти ќе продолжи во насока на помагање на народот на Венецуела. Портпаролот на ОН Стефан Дујариќ денеска изјави дека ОН се свесни за одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да го замрзне имотот на владата на Венецуела, но наведе дека е неопходно да се овозможи влез на хуманитарна помош во земјата.

„Многу е важно на прво место да ги ставиме потребите на народот на Венецуела“, изјави Дујариќ. Тој додаде дека постојат јасни хуманитарни принципи на меѓународно ниво кои значат дека е дозволена хуманитарната помош и дека мора да стигне до оние на кои им е потребна.