Американскиот амбасадор во Москва поднесе оставка

Архива - Џон Хантсман.

Американскиот амбасадор во Москва Џон Хантсман се повлекува од својата позиција да се врати во САД, јавуваат американските медиуми цитирајќи писмо напишано до претседателот Доналд Трамп.

Повеќе медиуми од САД денеска објавија писмо во кое Хантсман вели дека неговата оставка ќе биде ефективна на 3 октомври, дозволувајќи доволно време да биде номиниран и потврден негов наследник.

Стејт департментот не одговори веднаш на барањето на РСЕ за потврда на оставката.

Во писмото Хантсман, кој е поранешен амбасадор во Кина претседателски кандидат на САД, предупреди: „мораме да ја држиме Русија одговорна за било кои акции кои се закана за САД и нивните сојузници.“