Уапсен поранешниот в.д. директор на Централниот регистар

Архива - Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.

Привреден е поранешниот в.д. директор на Централниот регистар Андреа Поповски, јавува МИА наведувајќи дека тој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања, односно дека вработувал партиски кадри.

И други медиуми јавуваат дека Финансиската полиција денеска го привела Поповски повикувајќи се на извори од институцијата и оти имало и други осомничени лица кои не се привидени. Од Финансиската полиција засега не се достапни за потврда за приведуваето на Поповски.