САД не поддржуваат воена операција на Турција против сириските Курди

Aмериканскиот министер за одбрана, Марк Еспер

Каква било воена операција на Турција во Северна Сирија е неприфатлива и САД ќе спречат еднострани потези, изјави американскиот министер за одбрана, Марк Еспер.

Според него, воена операција на северот на Сирија би бил ризичен потег.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во неделата најави воена операција источно од реката во Еуфрат, на северот на Сирија, во зона што ја контролира курдската милиција, главен сојузник на САД на територијата на Сирија, која, пак, Турција ја смета за терористичка организација.