Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Турција ги повикала САД да ја запрат поддршката за курдската милиција во северна Сирија.
„САД мора да го исполнат нашето барање и да ја запрат соработката со курдските Сили за заштита на народот“, рече пред новинарите во Анкара.
Вашингтон ги поддржува курдските милиции, кои и се главен сојузник во борбата против терористите од т.н. Исламска држава во Сирија. Сепак, Анкара ги смета курдските борци за терористи и ги изедначува со ПКК, која води вооружена борба против Турција во последните 35 години.