Русија ја почна поморската вежба „Океански штит 2019“

Илустрација

Руската морнарица ја почна вежбата „Океански штит 2019“ во Балтичко Море, со учество на 70 борбени и придружни бродови и 58 авиони на воздухопловните сили, објавија новинските агенции.

Во вежбата учествуваат над 10 илјади војници, а ќе трае до 9-ти август и ќе се спроведува под команда на адмиралот Николај Евменов, командант на Воено-поморската флота.

Целта на вежбата е да се тестира подготвеноста на морнарицата да ги брани националните интереси на Русија, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.