Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, денеска реагираше на ставот на француското МНР дека реакцијата на полицијата на протестите во Москва била непропорционална. Таа смета дека Париз не треба да ја учи Москва како се реагира на протести, особено ако се имаат предвид, како што вели Захарова, суровите методи на француската полиција спрема „жолтите елеци“.
„Министерството за надворешни работи на Франција е загрижено поради протестите во Москва. Таа иста Франција каде што доаѓаше до вооружени судири меѓу демонстрантите и полицијата и тоа според описите на самите Французи“, напиша Захарова на Фејсбук.
На последните протести на опозицијата во Москва, полицијата примени сила и уапси над голем број демонстранти.