Владата му даде на Град Скопје да дистрибуира топлинска енергија

Владата одлучила на Град Скопје да му се даде трајно користење на топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас „Градски енергетски системи“ (ГЕС).

Градот Скопје, како што информира во своето соопштение, преку АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот, што е последица на затоплувањето на објектите на среден рок преку развој и проширување на топлификациската мрежа, давање субвенции за приклучување, подобрување на енергетската ефикасност на објектите, намалување на потрошувачката на енергија преку регулација и изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас.