Варвициотис: Со Преспанскиот договор Грција ги изгуби двете главни оружја

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милитиадис Варвициотис вели дека со Преспанскиот договор Грција ги изгубила нејзините две главни оружја – оружјето за вето во НАТО и Времената спогодба.

„Ние уште од почеток рековме и затоа се боревме против овој договор и пред да се потпише и пред да се ратификува, дека од моментот кога се потпишува и од моментот кога се ратификува носи резултати. И ние не можеме да кажеме дека Грција денес има аргументи за поништување на договорот врз основа на рамката на договорот“, изјави Варвициотис во интервју за грчката телевизија „Open”.