Експлозија во градски автобус во Белград, пукнала боца за компресија

Илустрација

Во белградската населба Дедиње, во градски автобус на линијата 78, експлодирала боца која се користи за компресирање на воздухот за вратите и другите пневматски системи во возилото, потврдија за Слободна Европа од Секретаријатот за јавен превоз на Град Белград.

На терен се три екипи на брзата помош, но се уште нема официјални податоци за бројот на повредени, велат од Секретаријатот за РСЕ, и додаваат дека се работи за возило на приватен превозник.

Српските медиуми објавија дека има повредени, а дека во автобусот имало патници најмногу на ворзаст од 50 до 80 години, но и мајка со бебе.