Ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран осуден на смрт за убиство на сопругата

Али Наџафи

Али Наџафи, еден од потпретседателите на Иран и поранешен градоначалник на Техеран е осуден на смртна казна поради убиство на својата сопруга, јави државната иранска телевизија. Тој е прогласен за виновен за убиство од огнено оружје на својата втора сопруга Митрa Остад.

Одбраната на Наџафи има право на жалба во рок од 20 дена. Тој во мај сам се пријави во полиција, по што веднаш беше затворен. Мохамед Али-Наџафи поднесе оставка на местото градоначалник на Техеран во 2018 година поради јавните критики затоа што присуствувал на музичка приредба во едно женско училиште.