Нема одложување, попис ќе има, тврди Заев

На новинарски прашања и на критиките од опозицијата дека за пописот не се исполнети стандардите на Евростат, премиерот Зоран Заев одговори дека ситуацијата е сосема спротивна, дека јасно се дефинирани стандардите на Евростат и дека дефинитивно ќе има попис.

„Домаќинство кое влегува во попис е секое кое живее тука, се отселило од државата не повеќе од една година. Се знае, така е секаде во светот. Пробниот попис успешно помина. Се чека законот да биде усвоен во Собранието. Од разговор со директорот на Статистика имам сознанија дека нема суштествени забелешки од опозицијата за законот за попис. Дефинитивно ќе има попис идната година. Ако се одржеше попис во 2011 година можеби и ќе имаше основа пописот да се одложи за 2021 година, но не се одржа. Нема одложување на пописот“, рече Заев.