Почина поранешниот кинески премиер Ли Пенг

Поранешниот кинески премиер Ли Пенг, познат по воведувањето вонредна состојба за време на протестите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година, почина на 91 година. Кинеската агенција Синхуа јави дека Ли починал вчера, не наведувајќи од што боледувал.

Како што го опишуваат медиумите, тој бил претпазлив човек кој поминал две децении на врвот на власта пред да се повлече во 2002 година, оставајќи во наследство голем економски раст заедно со авторитарната политичка контрола.