Дачиќ: Дијалогот по оставката на Харадинај е во кома, се зависи од реанимацијата

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, говорејќи за можностите за обновување на косовскито дијалог по оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај, во интервју за ТВ Прва изјави дека „дијалогот е во кома, се зависи од реанимацијата на големите сили, се работи за големи геостратешки игри“.

– САД сметаа дека тоа што го прават Франција и Германија е вистински пат. Брисел го чека новиот шеф на дипломатијата. Франција мисли дека САД го опструираат продолжувањето на дијалогот. САД сметаа дека Германија го поддржува Харадинај. Секој тука го обвинува секого, но продолжување на дијалогот нема, оцени Дачиќ.