Каракачанов: Заев и Борисов за две години направија повеќе од сите други влади за 20 години

Спасовски и Каракачанов на потпишувањето на Протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, денеска во Охрид, по потпишувањето на протоколот за заедничка борба на Македонија и Бугарија против трговијата со луѓе, изјави дека владите на премиерите Зоран Заев и на Бојко Борисов за две години направиле повеќе отколку сите останати влади во Скопје и Софија во изминатите дваесет години.

Одговарајќи на новинарски прашања во Охрид, по потпишувањето на Протоколот со министерот Оливер Спасовски, Каракачанов нагласи дека научниците и професорите треба да изнајдат решенија, во насока на унапредување на добрососедските односи и соработката во иднина.