Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека руските ракетни системи С-400 се помодерни во споредба со американските „Патриот“.
Чавушоглу нагласи дека Анкара планира да „ги стави во употреба ракетните системи С-400 до следната година“. Во меѓувреме, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар истакна дека распоредувањето на С-400 ќе започне уште во октомври оваа година.
„Руските С-400 се помодерни системи за противракетна одбрана во споредба со американските „Патриот“, истакна шефот на турската дипломатија.
Турскиот министер за надворешни работи предупреди дека Анкара е подготвена да им одговори на САД, доколку Вашингтон воведе санкции поради набавката на С-400.