Ципрас го критикуваше Мицотакис за недоследност за Договорот од Преспа

Архивска фотографија- седница на грчкиот парламент

Во 10 часот по локално време, денеска продолжува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на новата влада, откако вчера свои обраќања имаа премиерот на Грција како и лидерите на сите грчки политички партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на сега опоизициската СИРИЗА Алексис Ципрас вчера во делот од неговото обраќање, посветен на надворешната политика се осврна на Договорот од Преспа, ги спомена јавно изразените позиции на министерот за одбрана и алтернативниот министер за надворешни работи за време на нивното учество на конференцијата на „Економист“ и го праша Мицотакис, дали сега е добар договорот.

“Господине Мицотакис, една и пол година, Вие и вашите членови бевте протагонисти во протестите за македонското прашање. Сега е добар Договорот од Преспа? Ова го вели новиот министер за одбрана новиот и министерот за европски прашања, рече Ципрас, нешто што беше поздравено со аплауз од пратениците на СИРИЗА.

Поранешниот грчки премиер истакна дека многу поважно од тоа што го велат министрите од владата е она што Мицотакис ѝ го кажал на Тереза Меј во телефонскиот разговор.

“Според известувањето објавено од Лондон по вашиот телефонски разговор со британската премиерка, излезе соопштение во кое ја поздравува вашата заложба за целосно почитување на договореното во Преспанскиот договор иако Вие одбравте конкретниот дел да го цензурирате преку Атинската новинска агенција, која патем е под ваша одговорност. Го демантирате ова? Зошто го цензуриравте? Зошто го скривте? Тоа е fake news од Downing street?, праша Ципрас.