Рускоска: Имаме сознанија за други случаи на рекет на осомничените

Обвинителката Вилма Рускоска

Oбвинителката Вилма Рускоска изјави дека засега нема нови моменти во истрагата за случајот „Рекет“. Според неа, има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од осомничените, а неколку бизнисмени веќе дале изјава во обвинителството

„Имаме сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, наведува Рускоска во изјава за Дојче веле.

Таа додава и дека се уште не завршено вештачењето на запленетиот телефон на шефицата на СЈО, Катица Јанева. Рускоска посочува и дека „се уште не контактирале други обвинители и истражители од СЈО“ во врска со случајот „Рекет“, како и за предметот „Империја“.