Претставничкиот дом на САД против продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Претставничкиот дом на САД гласаше за блокирање на продажбата на оружје во износ од 8 милијарди долари на Саудиска Арабија и арапските сојузници како одговор на непочитувањето на човековите права. За одлуката да биде усвоено, американскиот претседател Доналд Трамп треба да го потпише законот. Тој најави дека ќе стави вето на законот.

Во јуни Конгресот поддржа 22 резолуции кои не ги одобрија плановите на Трамп да продолжи со договорите за оружје и покрај приговорите. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека администрацијата одговара на заканите со кои се соочува Саудиска Арабија од Иран, кој ги поддржува бунтовниците Хути во Јемен.