Пендаровски за РСЕ: Да се прави разлика меѓу СЈО и истрагата за Рекет

Претседателот Стево Пендаровски вели дека мора да се направи разлика меѓу истрагата во Јавното обвинителство и работата на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека е разочаран од тоа што го слуша во последниве денови во врска со СЈО. Пендаровски апелира до надлежните што е можно побрзо и потемелно да ја спроведат истрагата, како и да не обрнуваат внимание на евентуалните политички притисоци, затоа што процесирањето на предметот е битен и за СЈО и за демократските процеси кои и престојат на земјата.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СЈО e една работа, а Рекет е друга

„Една работа е работата на институцијата СЈО до овој момент и постапките кои ги воделе различни обвинители, не само Катица Јанева. Сосема друга работа е последниов случај за кој јас ургирам и од оваа позиција , како и да се сфати, до надлежните органи да ја процесираат што побрзо и што подлабоко за да не остави ни најмала дамка на работата на институцијата како таква. Да заклучам, СЈО и тоа како беше потребно во времето кога ги правевме демократските промени. СЈО во некаков облик, во некој дел од системот на редовно јавно обвинителство и те како е потребно и во наредниот период да ги процесира криминалите, не само на оние што биле на власт, туку на нас што сме денеска на власт“, вели Пендаровски.

Тој вели дека институцијата СЈО е клучната институција која освен Преспанскиот договор ни ги отвори вратите на ЕУ и НАТО. Тоа ви го тврдам одговорно, затоа што бев преговарач во однос на НАТО интеграциите и знам дека најголемите позитивни коментари за направените реформи, беа на сметка на СЈО, вели Пендаровски.