Авганистанските власти соопштија дека 25 припадници на елитната единица на земјата загинале во борбите со талибанците. Според нив, во борбите во покраината Бадхис биле убиени и 20 талибанци.
Портпаролот на талибанците, Јусуф Ахмади изјави дека најмалку 39 командоси биле убиени, а милитантите заробиле и 16 војници. Покраината Бадхис се наоѓа на границата со Туркменистан и често е цел на напади од талибанците.