Претставничкиот дом на САД со осуда за „расистичките коментари“ на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп

Претставничкиот дом на САД ја одобри резолуцијата со која ги осуди "расистичките коментари" од претседателот Доналд Трамп. Четири републиканци и еден независен пратеник се приклучија на 235 демократски пратеници, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, за поддршка на резолуцијата.

Во документот „силно се осудуваат расистичките коментари на Трамп кои му даваат легитимитет и го зголемуваат стравот и омразата кон новите Американци и луѓето со боја".

Резолуцијата е по објавите на Трамп на Твитер во кои тој им порача на четири демократски конгресменки да се вратат во земјите од каде што потекнуваат. Обајвите се однесуваа на пратеничките Александрија Окасио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота и Рашида Тлаиб од Мичиген и Ајана Пресли од Масачусетс. Од нив три се родени во САД.