Пролонгирано заминувањето на бизнисменот Кочан во затвор

Изрекување на пресудата во случајот Труст.

Заминувањето во затвор на бизнисменот Сеад Кочан се пролонгира додека нема одлука од судија за извршување санкции по неговото барање за одложување на издржувањето на казната од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО.

Кочан требаше денеска да се јави на издржување на затворската казна, но во меѓувреме тој поднесе друго барање за одложување на издржување на казната поради болест за што Кривичниот суд се уште нема донесено одлука.

Кочан е осуден поради манипулации за добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација.